Сокриените симболи и значења во логоата на најпознатите брендови
Логоата на познатите брендови се насекаде околу нас - на ТВ рекламите, на пат кон работа, на маички, пенкала...
А, речиси 90% од времето воопшто не сме ни свесни за нивното сокриено значење.
Што навистина значат логоата на познатите брендови?
„Chanel“
Логото го измислила самата Коко Шанел кога престојувала во замокот „Château Crémat“, а била инспирирана од лаковите кои биле насекаде во замокот. Интересно е што логото ги прикажува и нејзините иницијали.
„Google“
За логото на „Google“ одбрани се трите основни бои: црвената, жолтата и сината, но подоцна била додадена и една зелена буква со идеја да се потенцира дека „Google“ ги руши стереотипите.
„Gillette“
На прв поглед логото изгледа како само да има букви, но ако погледнете подобро кај буквите G и l ќе го забележите познатиот жилет.
„Mitsubishi“
Логото на овој бренд се состои од 3 дијаманти кои симболизираат: доверливост, интегритет и успех, а црвената боја е одбрана за да симболизира самодоверба.
„Nike“
Во 1975-та година студентката Керолин Дејвидсон земала само 35$ за ова лого кое тешко дека од прва ќе препознаете дека ја прикажува грчката божица Најк која ги инспирирала војниците да победат.
„Le Tour de France“
Можеби сте го виделе стопати ова лого, но дали сте успеале да забележите дека во него е прикажан велосипедист?
„McDonald's“
Архитектот на рестораните дошол до идеја да направи златни лакови за столбови и кои ќе бидат нешто препознатливо за брендот за брза храна. Подоцна, психологот Луис Ческин, кога сакале да се ослободат од логото, потенцирал дека лаковите потсетуваат на гради и несвесно не потсетуваат на нашето безгрижно детство.
Н. Г. | Црнобело