Обични предмети кои се дело на големи генијалци
Големите генијалци имале талент за речиси сè. Некои од нив успевале да креираат интересни изуми и надвор од нивното првобитно поле на интерес.
Пример:
1. Салвадор Дали: Логото за лижавчињата „Chupa Chups“
Идејата за топчеста бонбона на стапче можеби не е негова, но логото за најпознатите лижавчиња дефинитивно е негово дело.
2. Марк Твен: Лексикон
Правењето на лексикони е нешто што одамна се правело, но Твен го измислил и патентирал самостојното правење на албум со лепило.
3. Томас Едисон: Хартија за виткање на бонбони
Идејата за виткање на чоколадите во хартија е дело на човекот кој ја креирал и електричната светилка, Томас Едисон.
4. Леонардо да Винчи: Модерните ножици
Ножиците порано не биле многу удобни за ракување, а да Винчи креирал практичен и удобен дизајн.
5. Исак Њутн: Врата за мачки
Њутн бил љубител на овие крзнени животни, па смислил врата како брзо и лесно да влагаат и излегуваат од домот.
6. Бенџамин Френклин: Громобран
Френклин не само што е еден од основоположниците на САД, туку и човекот кој ги измислил громобраните за заштита од пожари и уништување на домовите.
7. Луис Керол: Играта „Doublets“ и прототип на „Scrabble“
Креаторот на Алиса во Земјата на чудата имал неверојатна фантазија, па така тој ја смислил и првата верзија на играта „Scrabble“ со зборови.
Н. Г. | Црнобело