Отпадоци од ананас наместо животинска кожа – иднината на одржливиот развој

Прославувајќи го 22-ри април - Денот на планетата Земја, свеста за нејзиното зачувување треба да ни биде на највисоко можно ниво. Бидејќи вистината е дека немаме резервен дом за живот.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-01.jpg

Сте се запрашале ли како и колку всушност се грижите за животната средина? Дали велосипедот или пешачењето ги користите како соодветна замена за автомобилскиот превоз? Колку вода трошите секојдневно? Дали рециклирате?

И минималните промени може да направат голема разлика, па време е да започнеме сите да се грижиме малку повеќе за нашата зелена планета.

А што прави остатокот од светот на оваа тема? Во тој контекст, ви претставуваме топ 10 алтернативи кои претставуваат одлична еколошка замена на секојдневните производи:

Патики изработени од рециклирана пластика која ги загадувала морињата

Овие патики на Адидас беа изработени како прототип за конвенцијата на Обединетите Нации во Њујорк во јули 2015 година, а потоа беа пуштени во продажба како лимитирана серија од 50 пара патики на Денот на океаните минатата година. По овој настан, дизајнерката Стела Мекартни направи нивно стилско подобрување.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-02.jpg

Кујнски елементи изработени од рециклирани пластични шишиња и остатоци од дрвната индустрија

За изработката на секој елемент од оваа кујна се искористени по дваесет и пет пластични шишиња, а за дизајнот е одговорно шведското студио Form Us With Love.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-03.jpg

Морска канта за ѓубре

Дизајнот на Пит Цеглински и Ендру Туртон претставува канта за ѓубре која може да биде инсталирана во пристаништа и марини. Морската канта за ѓубре е закачена за пумпа постојано вшмукува вода и така го дели ѓубрето, маслото или детергентите од морската вода.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-04.gif

Сунѓерест костим за капење

Костимот за капење, дело на Михри Озкан и Ченгиз Озкан, е изработен од материјал кој наликува на сунѓер и ја одбива водата, но ги впива маслата. На тој начин пливањето станува еколошки полезна активност.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-05.jpg

Протеински наместо пластични садови

Теса Силва Досон во обид да ги замени полимерите кои се изработуваат како дериват на нафтата, дизајнирала серија на садови изработени од органски отпад, поточно кравјо млеко, оформени во калапи под притисок.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-06.jpg

Замена за животинска кожа

Фирмата Ананас Анам развила начин да го претвори отпадот од ананасот како замена за животинска кожа и од тоа да изработи облека, обувки или мебел.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-07.jpg

Лименки кои може да се јадат

6 лименки изработена од страна на Saltwater пиварницата во Флорида се направени од јачмен и пченица, кои се остаток во процесот на производство на пиво. Така изработената опаковка, односно лименка претставува безбедна храна за морскиот свет.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-08.jpg

Прозорци кои се соларни панели

Овие шарени прозорци се изработени од обоени соларни ќелии кои ја собираат енергијата од сонцето и ја претвораат во струја доволна за напојување на лаптопи или мобилни телефони, а се дело на дизајнерот Марјан ван Аубел.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-09.jpg

Мал проѕирен звучник

Звучникот од фирмата People People е дизајниран минималистички како реакција на преголемата натрупаност на депониите со електронски отпад. Тој има вградени сензори кои детектираат кога треба да се сменат одредени делови и за тоа ги известува корисниците преку нивниот смартфон.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-10.jpg

Блузон со 30-годишна гаранција

Дизајнерот Том Кридланд креираше унисекс блузон кој доаѓа со 30-годишна гаранција, која воедно му овозможува на корисникот да го прати на бесплатна поправка, наместо да го фрли.

Otpadoci-od-ananas-namesto-zivotinska-koza-idninata-na-odzliviot-razvoj-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg