Идеја за вашата следна забава: Балони полни со конфети
Балоните се прекрасна декорација за секоја забава. Независно дали се работи за венчавка, крштевка или детски роденден, тие изгледаат прекрасно и му даваат разиграна и весела атмосфера на просторот, без притоа да потрошите многу пари.
Но, балоните во една боја, кои само лебдат наоколу, се веќе досадни и видени многупати. За да не биде тоа така, за вашата следна забава може сами да си направите балони, кои кога ќе ги пукнете, ќе направат виножито од конфети во сите бои.
Изработката е едноставна:
Во обични светли балони, ставете конфети преку инка (за да го проширите отворот и полесно да ги истурите), а потоа само надувајте го и заврзете го балонот полн со конфети.
А. В. | Црнобело