Уметникот кој 20 години слика само мали продавнички во Јужна Кореја
Уметникот од Јужна Кореја, Ми Кјоунг Ли, успева да пронајде врвна убавина во секојдневните, навидум обични места и предмети во кои повеќето луѓе не би успеале да забележат нешто посебно.
Така на пример, за него посебно убави се малите маалски продавнички.
И токму тоа, се обидува веќе 20 години да им го долови на другите.
„Се сеќавам на времето кога со само една паричка едвај чекав да истрчам до најблиската продавница и да си купам нешто за мене и моите пријателчиња“ - вели таа.
Навраќањето кон тие убави детски спомени е причината поради која денес можеме да сретнеме колекција од прекрасни скици и слики направени токму од овој уметник.
Еве дел од нив:
Н. Г. | Црнобело