Што прво забележува дизајнер на ентериер кога ви доаѓа на гости?

Сите ние го декорираме домот по наш вкус и за наш мерак, но истовремено во одредена доза се трудиме таквата идеја и креација да ги воодушеви и останатите.

shto-prvo-zabelezuva-dizajnerot-koga-vi-doagja-na-gosti-2.jpg

Замислете си дека имате пријател кој е дизајнер на ентериери и дека треба да дојде за првпат во вашиот ново уреден дом. Дали очекувате, тој, како последица на професионалната деформација, да забележи нешто што другите не би го забележале ни по шестото влегување?

Веројатно да, но сигурно не можете ниту да си замислите на што всушност обрнуваат внимание професионалните дизајнери на ентериер. Доколку имате ваква информација, тоа многу би ви помогнало во чистењето и декорирањето на вашиот нов простор.

Затоа ние ќе ви помогнеме. Во продолжение погледнете на што всушност обрнуваат внимание дизајнерите на ентериер при првата посета на вашиот дом.

Подот

Верувале или не, веднаш штом зачекори, дизајнерот на ентериер прво обрнува внимание на подот. Подот е најважниот елемент. Доколку немате желба да користите теписи, тогаш можете да ја употребите својата креативност во боење на паркетот.

Тоа навистина изненадувачки може да го освежи вашиот дом.

Бојата на ѕидовите

Штом ќе го изанализираат подот и ќе дадат некаква сугестија, следно на што обрнуваат внимание дизајнерите на ентериер е бојата на вашите ѕидови. Доколку имате голем простор, најдобро е да не ги боите ѕидовите бели, бидејќи тоа може сериозно да го уништи впечатокот на целокупното уредување.

Таваните

Без разлика дали сакате модерен или класичен стил на уредување, таванот е нешто на што вреди да изгубите поголем дел од вашето слободно време. Доколку имате мала просторија, убаво би било таванот да е во посветла боја, во спротивно би го затворил просторот.

Детали

Деталите се нешто на што дизајнерите на ентериер обрнуваат најмалку внимание. За нив е пред сѐ важна функционалноста и карактерот на собата. Деталите се повеќе опис на карактерот на сопственикот.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...
8 работи кои ќе ви го олеснат секојдневието во домаќинството (а не знаете дека постојат) Силиконски ракавици за миење храна или садови, силиконски модли за замрзнување с...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg