Шанк од илјадници капачиња од пиво за кои биле потребни 5 години собирање
Еден тип сам дизајнирал шанк направен со капачиња од пиво - креација која речиси со сигурност секој би посакал да му го разубави домот.
Тој и неговите пријатели и семејството собирале 2.530 капачиња од пиво во текот на 5 години, специјално за овој проект.
„Иницијалниот концепт беше да се направи слика со помош на капачињата, ама потоа се одлучивме за нешто полесно, прелевање на боите“ - напишал корисникот на Imgur кој стои зад овој проект.
Откако биле собрани сите капачиња од пиво, од странски и домашни брендови, му биле потребни уште 4 часа за да го креира мајсторското дело со помош на неговите пријатели.
Еве како изгледа:
Н. Г. | Црнобело