Брачен кревет и маса за состаноци во авионите на Qatar Airways (видео)
„Qatar Airways“ открија нов тип на седишта кои се поврзуваат едно со друго за да креираат двоен кревет во кабините од бизнис класата. Ова се први седишта од ваков тип кои некогаш биле креирани.
Седиштата именувани како „QSuite“ се пофлексибилни од стандардниот модел, па можат да се спојат во четири дела и да креираат мала соба за состаноци или приватна област за паровите.
„Можете да почнете да уживате во вашиот меден месец уште на нашиот лет, ама ќе морате да бидете тивки“ - се шегува главниот извршен директор на „Qatar Airways“, Акбар Ал Бакер.
„Интелигентниот дизајн е дело на B/E Aerospace Inc., а има за цел да има даде уште една опција повеќе на побогатите патници“ - додава тој.
Новиот тип на седишта биле дизајнирани и смислувани последниве две години, а овозможуваат адаптирање кое очекуваат да стане прилично популарно меѓу семејствата и бизнисмените.
Иновацијата во дизајнот на кабините е од витално значење за водечките аеро компании, според аналитичарот Јан Дерокле.
„Компаниите со лоши седишта имаат пад во бројот на потрошувачи кои патуваат со нив“ - вели тој.
Инаку, новиот дизајн на седишта, најнапред ќе се примени на авионите Boeing Co. 777 и на Airbus Group SE A350-1000.
Introducing Qsuite - Qatar Airways New Business ClassWelcome to the new standard of flying. Introducing Qsuite: First in Business.
-->Posted by Qatar Airways on Wednesday, March 8, 2017
Н. Г. | Црнобело