Стан за живот во минимализам, пространост и елеганција
Овој простран стан зрачи со софистицирана елеганција и спокоен современ декор. Лоциран во Мадрид, Шпанија, дизајнот на ентериерот е насочен кон просторност и фукнционализам.
Низ специфичен „винтиџ“, средновековна модерна атмосфера и висококвалитетни материјали, просторот нуди удобен и истакнат стил.
Кујната е поставена на средина од отворениот простор. Панорамските прозорци нудат изобилство од светлина и прекрасен поглед во урбаната средина. Различните типови на дрвено обложување ја прават поделбата на различните простори, без потреба од поставување на физички граници.
Трпезариската зона има под и плафон од дрвен декор, кои му даваат топлина и удобност на просторот. Малиот работен агол е одделен со дрвена решетка. Кујната се карактеризира со стилски ѕидни плочки и функционални и елегантни апарати.
Влијанието на 70-тите години е изразено преку класични парчиња мебел од национален и интернационален дизајн. Мебелот во станот е одлично хармонизиран во целокупниот дизајн, во кој преовладуваат белата боја, дабов декор и сиви нијанси, додека пак деталите се изразени со јаки бои (како на пример портокалова боја за светлечките елементи или црна боја на столчињата).
С. У. | Црнобело