Како некогаш се возеле бебињата во авион?
Денес има многу вжештени дискусии за тоа како бебињата треба да се возат во авионите и за тоа дали одговорноста е на родителот на секој можен начин да го смири расплаканото бебе за да не им пречи на останатите патници.
Но, едно нешто е јасно, авионскиот екипаж има задача да биде пријатен со секој можен патник, а тоа ги вклучува и бебињата.
Според неколку ретки фотографии од 1953-та година, обидите да се овозможи што е можно поудобно патување и на најмалите патници, подразбирало интересни инженерски решенија.
Британските инженери креирале посебна „лулашка“ цврсто прикачена за горниот дел од кабината каде се чуваат и куферите за бебињата удобно и безбедно да спијат додека патуваат.
Н. Г. | Црнобело