Не треба да го подесите часот и датумот до 2100-та година – 10-те најскапи рачни часовници во светот
Дали некогаш сте се запрашале кои се најскапите рачни часовници во светот? Има многу различни детали коишто ги прават овие часовници толку скапи.
За некои тоа се скапоцените камења, дијамантите и материјалите од коишто се изработени, а некои цената им ја одредува комплицираниот механизам, кој овозможува најточно можно прикажување на времето. Некои дури се опремени со турбилон, сложен механизам кој ја неутрализира земјината гравитација.
Сите овие уникатни украси и механизми придонесуваат за поточно прикажување на времето, но и многу повисока цена од стандарден рачен часовник.
Но, да бидеме реални, овој тип на часовници не се носат само заради квалитетот, туку се директен израз на моќ.
Погледнете ги 10-те најскапи часовници кои ги красат рачните зглобови на луѓето кои може да си ги дозволат:
Patek Philippe Ref 5016P - 762.000 долари
Овој часовник изработен од платина е вториот најкомплициран часовник во светот што „Patek Philippe“ го има произведено. Така, доколку успеете успешно да го подесувате календарот на месечеви мени на часовникот, истиот нема да има потреба од подесување на датата или часот сè до 2100-тата година.
Blancpain 1735 Grande Complication – 800.000 долари
Како што кажува името, ова е исто така комплициран часовник составен од 740 рачно изработени и склопени делови на механизмот. За дополнително да ја оправда својата висока цена, неговата обвивка е изработена од платина, а ремчето е од крокодилска кожа.
Louis Moinet Magistralis – 860,000 долари
Овој неверојатно убаво стилизиран машки рачен часовник во себе содржи дел од метеорит пронајден на месечината. Покрај овој детаљ којшто ја објаснува неверојатната цена, часовникот е опремен и со непрекинат календарски механизам.
Hublot Black Caviar Bang – 1.000.000 долари
Машки рачен часовник прекриен со вкупно 501 правоаголно обликувани црни дијаманти и 18 каратно бело злато, секако ја оправдува округлата бројка на цената.
Chopard Super Ice Cube – 1.100.000 долари
За придружничката на сопственикот на претходниот часовник има еднакво добар и скап женски часовник од швајцарско производство, прекриен со 60 карати коцкесто исечени дијаманти.
Patek Philippe Sky Moon Tourbillon – 1.300.000
Ова е најкомплицираниот рачен часовник некогаш произведен од „Patek Philippe“. Од едната страна на часовникот се наоѓа ѕвезденото небо, а од другата страна прецизен часовник со дата и месечеви мени.
Vacheron Constantin Tour de I’lle – 1.500.000 долари
Швајцарскиот производител го пуштил во продажба овој 18 каратен златен часовник со нерефлектирачко стакло од син сафир по повод 250 годишнината на фирмата. Како и претходниот на листата, така и овој има две страни.
Patek Philippe Platinum World Time – 4.000.000 долари
Се верува дека само еден ваков часовник е произведен од „Patek Philippe“, па затоа истиот постигна цена од четири милиони американски долари на аукција во 2002 година. Овој часовник самиот се навива и може да ви го покаже точното време во кој било дел од светот.
Patek Philippe Super Complication – 11.000.000 долари
Џебниот 18 каратен часовник изработен за банкарот Henry Graves Jr. во 1933 година е најкомплицираниот часовник некогаш создаден. Потребни биле 5 години за да се произведе и поседува 24 „компликации“, односно механички својства, покрај основното покажување на времето. Меѓу другите „компликации“ овде се вклучени и различни хронолошки функции за секој час од денот.
Chopard 210 karat – 26.000.000 долари
Ова ремек-дело е толку скапо што нема официјална цена. Со своите 210 карати од обоени дијаманти, часовникот повеќе изгледа како бразлетна и првенствено претставува спактакуларно парче накит, а потоа рачен часовник.
(О)Милена | Црнобело