Ѕвездено небо околу вратот (фото)

Модниот бренд „Shenova“ од Калифорнија во соработка со експертот за технологија Кејти Линендол создаде неверојатен шал, кој ни ја носи вселената на дланка. Шалот со име „Illumiscarf LED Constellation Scarf“ содржи конец од светилки кои ги имитираат ѕвездите на небото.

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-01.jpg

Изработен во два слоја од супер мека волна со должина од околу 60 cm, шалот во внатрешноста содржи патент во кој се сокриени малите LED светилки. Тие одлично се комбинираат со дезенираниот принт инспириран од галактички мапи.

Постои опција истите да се извадат доколку не сакате да светите, но кој не би сакал мало ѕвездено небо околу својот врат?

Поттикната од успехот на ѕвездениот шал кој ќе започне да се продава од јануари 2017-та година, компанијата креира и слични фустани, хеланки и други модни додатоци.

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-02.jpg

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-03.jpg

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-04.jpg

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-06.jpg

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-05_copy.jpg

Neobicen-shal-koj-obviva-zvezdeno-nebo-okolu-vashiot-vrat-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg