Новогодишен проект: Весели снешковци од балон и конец

Новогодишните празници се период во кој семејството се собира и сите заедно учествуваат во декорирањето на домот со сите новогодишни украси.

napravete-snesko-od-konec-so-pomos-na-baloni-001.jpg

Секако, нема поубаво време од она кое е поминато со вашите најмили, па токму затоа ова видео ќе ви покаже како да направите интересен снешко од конец.

За овој украс потребни ви се два балони, конец, креп трака и течен лепак.

Надувајте ги балоните и залепете ги со креп траката еден за друг, за да ја добиете основата за снешкото.

Лепилото растворете го во вода и потопете го конецот внатре.

Извадете го конецот и обвиткајте го околу балоните. Оставете да се исуши 24 часа и дупнете ги балоните.

Додадете му очи, нос, уста, раце, шалче и шапка и вашиот снешко е готов за украсување на било кое катче во домот.

Gonfia due palloncini! Ecco la creazione perfetta per Natale :)

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Пред vs. потоа: 11 кул трансформации на стари работи во домот Браво за овие луѓе! Кога клупата од баба ви или столчето од дедо ви ќе добијат н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg