Украсни шишиња кои ќе ви го донесат чувството на празнична зима
Зимата веќе пристигна според температурата на термометарот, иако календарски сè уште имаме за одбројување.
Со празниците на прагот, ова е одличен период за подготовка. Започнувајќи од китење и украсување на домот, до бирање подароци за саканите.
Одлична идеја за двете се стари шишиња кои можете да ги реупотребите на најдобриот можен начин – разубавувајќи ги во духот на празничната сезона.
Многубројни идеи кои се лесни за реализација, потребни ви се само шишиња, материјали како коноп, украсни ленти, спреј за стакло, вештачки снег и лепило... а доколку сте вешти сликари, тогаш опремете се со бои за стакло и развлечете ја четката, сликајќи ја вашата зимска бајка.
Погледнете ги празничните шишиња, веруваме дека неодоливо ќе ви се допаднат:
(О)Милена | Црнобело