Револуционерни чевли со кои никогаш повеќе нема да носите резервен пар во чантата
Многу жени додека пешачат носат ниски обувки, а потоа ги менуваат со високи потпетици кога ќе пристигнат во канцеларија или на некое свечено место.
Но, повеќе нема потреба од мачење и носење на дополнителни обувки...
Германска компанија со Kickstarter креираше чевли на кои се менува потпетицата во 5 различни големини - тоа значи дека наместо цел пар чевли, доволно ќе биде да ја промените само потпетицата.
Чевлите „Mime et Moi“ можете да ги купите за цена од 170 до 210 евра.
Чевлите можете да ги одберете во различна боја и различни варијации на височина на потпетицата.
Видеата на онлајн страната покажуваат колку лесно се менува потпетицата:
Н. Г. | Црнобело