Велосипедска патека која свети навечер, а се полни од сонцето
Возењето велосипед е еден од најеколошките начини на патување, а благодарение на патеките кои се целосно осветлени, сега нема проблем да се движите со вашето омилено превозно средство и навечер.
Светлечката лента за велосипедизам обоена во сино се наоѓа во близина на Лидзбарк Вармињски во северниот дел на Полска и е креирана од страна на „PA Instytut Badań Technicznych Sp. z o.o.“.
Самата лента е направена од синтетички материја кој може да создаде светлина и до 10 часови откако еднаш ќе се наполни со сончева енергија во текот на денот.
Патеката сè уште е во процес на тестирање, но се очекува наскоро идејата да биде имплементирана и во други земји.
Ќе има и кај нас?
Н. Г. | Црнобело