Револуционерно помагало со кое слободно можете да спиете додека патувате
Сите вие кои честопати знаете да заспиете додека патувате знаете и колку е тешко да се одржите во една положба и да не удрите со главата во седиштето пред вас.
Сепак сега можете да заборавите на сите тие проблеми бидејќи Паула Блејкеншип има одлично помагало за вас.
„NodPod“ е името на овој интересен изум кој се поставува на седиштето на кое седите и ви ја држи главата исправена.
Плус, тој е доволно мал така што се поставува само на брадата од главата па можете слободно да гледате пред себе додека да заспиете.
Одличен за патување во воз, авион, автомобил или автобус и можете да го нарачате на „Kickstarter“ по цена од $25 долари.
М. С. | Црнобело