10.000 соби и 70 ресторани - Како ќе изгледа најголемиот хотел во светот?

Кога ќе го слушнете поимот „најголемиот во светот...“ секогаш очекувате нешто што ги надминува сите очекувања, но новиот хотел кој моментално се гради во Мека одново го дефинира поимот - екстравагантно.

10-000-sobi-i-70-restorani-kako-kje-izgleda-najgolemiot-hotel-vo-svetot-001.jpg

Хотелот „Abraj Kudai“ кој е во сопственост на Министерството за финансии на Саудиска Арабија чини $3.5 милијарда долари, ќе вклучува 12 згради, 10.000 соби и над 70 ресторани.

10-000-sobi-i-70-restorani-kako-kje-izgleda-najgolemiot-hotel-vo-svetot-1.jpg

Цели катови од овој комплекс со големина од 1.4 милион квадратни метри ќе бидат резервирани за најбогатите гости, а на секој кров ќе има и посебен дел за слетување на хеликоптери.

Покрај тоа што овој хотел ќе биде најголемиот хотел во светот според бројот на соби, тој исто така ќе ја има и една од најголемите куполи на врвот на најголемата кула.

10-000-sobi-i-70-restorani-kako-kje-izgleda-najgolemiot-hotel-vo-svetot-2.jpg

„Areen Hospitality“ од Лондон се одговорни за ентериерот, што не е мала и едноставна задача ако се земе предвид колку треба да се концентрираат и на најмалите детали.

10-000-sobi-i-70-restorani-kako-kje-izgleda-najgolemiot-hotel-vo-svetot-3_copy.jpg

Хотелот се планира да се отвори во 2017-та година, но заради економски причини, отворањето може да биде одложено и за 2018-та година.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg