Тетоважи во облик на беџови кои раскажуваат приказни (фото)
Овие неверојатни тетоважи се дело на турската уметница Eva Krbdk која очигледно сака да го има светот на дланка. Таа обожава да црта големи идеи со помош на минијатурните потези на четката.
„Малите тетоважи лекуваат на истиот начин како и големите“, објаснува Ева. Времето и сончевата светлина го намалуваат квалитетот на секоја тетоважа, а оние кои се исцртани со најтенки линии се првите кои почнуваат да бледнеат“.
Токму затоа, Ева секогаш започнува со внимателно цртање на тенките линии, употребувајќи машина дизајнирана за трајна шминка.
Клиентите задолжително се враќаат по одреден временски период, за да се провери тетоважата и како напредува процесот на заздравување.
Ева е прилично реалистична, бидејќи знае дека не секоја тетоважа трае вечно, и тоа се обидува да го нагласи.
Нејзините дела раскажуваат цели приказни, филмски, книжевни и оние инспирирани од познати уметнички дела. Веројатно ќе ја препознаете култната сцена од филмот „Fight Club“ или пресудниот момент на Раскољников во „Злосторство и казна“.
Кој не би сакал ваков нацртан „беџ“ на своето тело?
(О)Милена | Црнобело