Најубавите фотографии направени со iPhone за 2016-та
Се одржа 9-от натпревар за најдобра фотографија направена со iPhone, „iPhone Photography Awards (IPPAwards) и беа одбрани победниците со најубави фотографии меѓу сите фотографии кои биле пријавени од 139 земји.
Првата награда припаднала на Шијан Ниу од Кина за неговата фотографија именувана како „Човекот и орелот“. На истата фотографирани се 70-годишен Монголец заедно со неговиот златен орел во Ксинџијанг, Кина.
„Случајно фотографираф таму кога орелот ме забележа и стана прилично нервозен. Почна да мавта со крилјата. Човекот го допре, се гледаа очи во очи и го смири. Тогаш го земав мојот iPhone во рака и ја направив фотографијата“ - вели Ниу.
Најубавите фотографии направени со iPhone за 2016-та:
Н. Г. | Црнобело