Детските соништа реализирани: Хулахопки кои личат на перки (фото)
Порано, сите бевме опседнати со принцезите на Дизни од познатите филмови. Голем дел од нас, ја обожуваа Ариел со нејзината прекрасна фигура на сирена, на која сите ѝ завидуваа.
Доколку и вие посакувавте да имате перка како онаа на Ариел, тогаш вашите детски соништа денес конечно можат да станат реалност, благодарение на специјално дезенирани хулахопки.
Тие се направени од рачно изработени силиконски крлушки и сигурно ќе направат секоја девојка да се чувствува како сирена.
Хулахопките можете да ги најдете во секоја боја што ќе ја посакате. Тие се меки и флексибилни, што прави да можете многу лесно да се движите во нив.
Секако, цената на овие хулахопки не е многу евтина - но, 72,50 долари за да бидете како сирена, е во секој случај многу помалку од цената што Ариел ја плати за да се претвори во човек.
С. С. | Црнобело