Фустан инспириран од изреката „Кој ќе остане последен, нека ја изгасне сијалицата“
Сте ја слушнале изреката „Кој ќе остане да ја исклучи светилката?“, нели? Серијалот фотки насловен „Lights Out“ е последниот во низата успешни проекти на фотографот Естебан Брокос, во кој моделот носи фустан украсен со 300 светилки.
Средината во која се направени фотографиите вклучува локации во Панама, како шуми, осамени хотели, напуштени бродови и приватни острови кои некогаш биле дом на картели со дрога, во кој девојката блеснува со светлина во буквална смисла на зборот.
Идејата на Естебан е да го прикаже последниот преживеан човек на планетата чии добра немилосрдно ги искористуваме, не размислувајќи за нивно надоместување.
Создавањето на фустанот со 300 светилки и повеќе од 2.020 вати енергија бил вистински предизвик, но и пронаоѓањето на девојка која ќе го носи, бидејќи истовремено треба да е прекрасна убавица, но и вистински пост-апокалиптичен храбар воин, кој ќе го издржи товарот на фустанот од 10 килограми врз своето тело.
Резултатот се неверојатни фотографии кои го опиваат сетилото за вид.
Погледнете кој последен ќе ги исклучи светилките:
(О)Милена | Црнобело