Супер луксузна јахта која ќе ве приближи до облаците

Италијанскиот дизајнер Габриел Теруци му ја претстави на светот својата радикална идеја за тоа како треба да изгледаат идните супер-јахти, кои ќе пловат по морското и океанското синило.

super-luksuzna-jahta-koja-ke-ve-priblizi-do-oblacite-001.jpg

Тој ги предизвика моќните тајкуни, прашувајќи ги дали некој ќе се осмели да го реализира неговиот концепт.

Дизајнерот истакна дека се инспирирал од модерната архитектура, создавајќи мега-јахта на неколку нивоа.

Кабината за одмор е поставена на висина од 38 m, а нејзината големина изнесува неверојатни 344 m2 и поседува сопствен бар, простор за јадење и бесконечен базен со стаклен под. Во долниот дел е сместен огромниот аквариум и просторот за забави.

Идејата е да му овозможи на сопственикот екстремно чувство за моќ и совршено место за одмор, релаксација, уживање во зајдисонце, доволно блиску до облаците, гледајќи како се рефлектираат последните сончеви зраци врз водата.

Јахтата сосема си го оправдува името – „Shaddai“, што во буквален превод значи „семоќна“.

Погледнете како изгледа луксузот на вода:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg