Како да направите еко клима само од пластични шишиња? (видео)

Како што времето станува сè потопло, така и луѓето се обидуваат да најдат начини како да се разладат, дури и кога живата во термометарот ќе се искачи над 35°C.

Napravete-sopstven-klima-ured-samo-so-pomos-na-plasticni-sisinja-05

Ако некој има најголемо искуство и вештини во тој поглед, тоа секако се жителите на тропските предели каде температурите знаат да достигнат навистина алармантни броеви.

Токму оттаму произлегла и нивната креативност, па најновиот изум со кој може да се пофалат е клима уред изработен само од пластични шишиња, кој ќе ве разлади без да плаќате висока сметка за струја, која покрај другото во голем дел од нивните населени места воопшто и ја нема.

Начинот на изработка на овој изум е многу едноставен.

Најнапред треба да направите отвори на еднакво растојание на поголем картон. Отворите треба да бидат доволно големи за во нив да го собере вратот на шишето.

Napravete-sopstven-klima-ured-samo-so-pomos-na-plasticni-sisinja-02

Следен чекор е да го пресечете шишето на пола. Со помош на ножици отсечете го горниот дел од капачето.

Napravete-sopstven-klima-ured-samo-so-pomos-na-plasticni-sisinja-03

Сега само вметнете ги шишињата во отворите на картонот и вашиот еко клима уред е готов.

Napravete-sopstven-klima-ured-samo-so-pomos-na-plasticni-sisinja-04

Прикачете го изработениот клима уред на прозорец така што вратот на шишињата ќе биде свртен кон домот.

Napravete-sopstven-klima-ured-samo-so-pomos-na-plasticni-sisinja-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg