Минималистички тетоважи кои покажуваат дека „помалку е повеќе“
Тетоважите отсекогаш се поврзувале со некое посебно значење кое го имаат за личноста која ги носи на себе.
Со текот на времето, желбата за повеќе и поголеми работи, се пресликала и во украсувањето на телото со тетоважи. Сè почесто луѓето се тетовираат следејќи некои трендови, а тетоважите стануваат сè поголеми и поголеми.
Сепак минималните тетоважи кријат во себе некоја посебна магија која само луѓето кои ги имаат можат да ја разберат.
Следејќи го примерот дека помалку е секогаш повеќе, минималистичките тетоважи ги откриваат страстите, желбите и соништата на луѓето кои сфатиле дека навистина животот се состои од малите работи.
М. С. | Црнобело