Улична уметност која има смисла само кога ќе се појават сенките
Сенките се нешто сосема едноставно. Потребно ви е некакво светло и предмет кој ќе го поставите пред светлината, за веднаш да се појави сенка.
Во некои култури постои верување дека сенките пред кои не постои никаков предмет, се всушност духови кои лутаат наоколу.
Овие забавни улични илустрации сепак во никој случај не се поврзани со никакви духови.
Тие се толку совршено осмислени и темпирани за одредено време од денот, па штом сончевите зраци паднат под вистинскиот агол, тие оживуваат во извонредни ремек-дела.
Овие интересни фотки ќе ви покажат дека уметноста навистина не познава граници и може да се сретне во секоја форма и облик.
М. С. | Црнобело