Разубавување на градското сивило - покриви со цели градини на нив
Денес голем број на индустриски градови имаат недостаток на паркови и зелен простор, но некои вешти архитекти откриле генијално решение за тој проблем.
Архитектите ширум светот започнаа со креирање на урбани градини на покривите на зградите и куќите, за дури и најзагадените сиви градови да добијат зеленило.
Овие градини им овозможуваат на жителите да избегаат од буката, загадувањето и да го подобрат нивниот квалитет на живеење.
Неколку градини на покрив кои го разбиваат градското сивило:
1. Куќа во Јапонија
Овој дом кој изгледа како да е излезен од некоја бајка е сместен близу парк во Токио.
2. ACROS
ACROS зградата е сместена во Фукуока и претставува зелена оаза со над 35.000 растенија од 76 различни видови.
3. Хотел во Израел
Овој хотел во Елиат е декориран со дрва кои прават да изгледа егзотично, но и дава можност за малку почист воздух за оние кои се во близина.
4. Зелен покрив на трговски центар во Токио
Сред центарот на градот имате можност да уживате во зеленило и да пешачите низ цветови.
5. Хотел во Австрија
„Rogner Bad Blumau Spa“ е дизајнирана од архитектот Фриденсрајх Хундертвасер и претставува вистинско ремек-дело на модерната архитектура.
Уште 6 градби на следната страна...