Фотографски предизвик: 1 сцена, 12 фотографи и само 15 минути
12 европски фотографи се собрале во вила во Тоскана за да се разменуваат со идеи, да бидат креативни и да учат едни од други. Последниот ден, стилистите и дизајнерите од FluidaDesign имале идеја - ги предизвикале фотографите да направат експеримент.
Во најубавата соба од вилата, тие направиле цветен аранжман и ангажирале модели кои секој фотограф требало да го фотографира.
Но, никој не смее да го види аранжманот пред да започне со фотографирање. Исто така, секој фотограф имал само по 15 минути.
„Ова е неверојатно интересен проект, со голем притисок, но резултатите зборуваат сами за себе. Убаво е да се видат различните стилови на секој фотограф, без разлика што станува збор за истата сцена“ – рекла Катја Кемниц, еден од фотографите.
Погледнете дел од овој интересен проект:
С. С. | Црнобело