Вистинската причина зошто на другите им е „смачено“ од вас, според хороскопскиот знак
Вага
Престанете да бидете толку зависни од другите и престанете да се мешате во сечиј проблем.
Никој не сака луѓе кои секогаш имаат мислење и „мудар“ совет за буквално сè.
Опуштете се, пробајте да поминете некое време насамо и прво справете се со вашите проблеми пред да почнете да ги решавате туѓите.
Скорпија
Иако мислите дека го криете, вашето его се гледа од вселената.
Постојано се натпреварувате со другите – ако некој направи нешто, вие ќе го направите двапати, и подобро. А, ова може да биде заморно за луѓето околу вас.
Добро би било и да намалите со малите лаги пред да ги изгубите сите пријатели.
Стрелец
Светот не се врти околу вас.
Ако го сфатите ова, можеби ќе почнете да ги третирате другите со барем малку почит и разбирање.
Неретко настојувате да бидете плитка личност – се фокусирате на малите, неважни недостатоци кај другите, и не се ни обидувате да ги запознаете подобро.
Јарец
Вие можете да бидете ужасна личност – тешко го контролирате темпераментот, постојано сте нерасположени, па не е ни чудно што луѓето ве избегнуваат.
Се однесувате како да немате никаква смисла за хумор и толку сте сериозни, што на другите им е непријатно во ваше друштво.
Пробајте барем малку да се опуштите и да си дозволите да уживате.
Водолија
Вие имате превисоко мислење за себе – убедени сте дека сте „кул“ и дека ги разбирате сите мистерии на животот.
Во реалноста, се однесувате детинесто и одбивате да пораснете.
Истовремено, толку цврсто и слепо се држите до вашите верувања, што другите не ни сакаат да почнат дискусија со вас.
Риби
Мора да научите да се сакате повеќе.
Самите си ја уништувате среќата бидејќи сте убедени дека не сте достојни за љубов, па не им верувате ни на комплиментите на најблиските личности.
Некогаш ова може да биде фрустрирачко за луѓето околу вас кои вистински ве ценат.
Спирова С. | Црнобело