Хороскопот ги открива знаците на неверство
Вага
Овој романтичен знак по својата природа е избалансиран и ги прифаќа своите обврски со голема сериозност, па неверството не е голема опасност, но многу се друштвени и сакаат да флертуваат, па можно е да се доведат во незгодна ситуација. Ако сте способни со вашата Вага да развиете одлично пријателство, тоа многу ќе ја подобри и зајакне вашата романтична врска. Добрата забава со многу нежности е клуч за среќа и верност на Вагата.
Скорпија
Скорпиите се резервирани и страсни знаци кои често се поистоветуваат со изневерувањето. Тоа, секако не во потполност праведно. Овој знак е преполн со тајни и е многу интензивен, па многу е веројатно дека лесно ќе го обвините дека ве изневерува – и ќе згрешите. Скорпиите се неверојатно лојални, но имаат страсна телесна природа и голема желба за возбуда. Најдобрата работа која што можете да ја направите е да ги прифатите нивните чудни барања и да се подготвите за маратон во кревет.
Стрелец
Огнените Стрелци се, какои Лавовите и Овните, желни за акција и авантура. Спалната соба не е исклучок. Секогаш се во движење и во потрага по искуство – Стрелците тешко ќе ги натерате да му се посветат на нешто, но кога еднаш тоа ќе ги заинтересира, многу се сериозни во врска со тоа. Треба само да внимавате да не очекуваат премногу затоа што тоа може да им донесе невољи. Затоа уживајте во енергијата на вашиот Стрелец и дајте им слобода колку што можете.
Јарец
Смирениот и студен Јарец е лојален партнер. Дисциплината и контролата се доблести кои им го отежнуваат неверството. Јарците бараат почитување и обожување од своите партнери, а недостатокот на тие две работи може да доведат до нивно лутање. Но, бидејќи се работи за чесен знак, побргу ќе ве остават отколку да ве изневерат.
Водолија
По малку отсечени од светот и повеќе во интелектуалните води, Водолиите не се најромантичниот знак, но сепак имаат потреба да им бидат важни на своите партнери. Водолиите често ќе бидат изгубени во своите идеи и откритија, па нема ниту да забележат дека го запоставуваат партнерот. Поради својата заборавна природа и преокупираност со својот свет, Водолиите најчесто ќе бидат жртва на изневерување, а не тие што изневеруваат. Бидејќи станува збор за еден од најнепредвидливите знаци, најдобар совет би бил да се биде исто така непредвидлив и така да се заинтересира Водолијата за подолги патеки.
Риби
Занесените и поспани Риби имаат бујна фантазија, па најчесто имаат романтични идеи за вечна љубов која им ја носи судбината. Баш поради таа фантазија и страсна желба за магијата на љубовта Рибите ќе бидат незадоволни кога врската ќе им влезе во мирна фаза. Ако повремено ги обновувате магичните љубовни моменти, вашата Риба ќе биде сигурна дека вие сте нејзината судбина.