Зошто сè уште сте сингл (без да сакате) според вашиот хороскопски знак?

zoshto-se-ushte-ste-singl-bez-da-sakate-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Вие сметате дека не заслужувате љубов, дека никој не може да ве сака, па речиси целосно сте се отакажале од желбата да најдете партнер.

Можеби причината за овој став е некоја траума од минатото или нешто сосема друго.

Без разлика што е, поработете на коренот на проблемот ако сакате да бидете среќни.

Не заборавајте дека сите, исто и вие, заслужуваат љубов.

Скорпија

Вие имате сериозен проблем со претераното размислување и успевате да ја уништите секоја ваша позитивна мисла.

На почетокот од секоја врска сте среќни и безгрижни, но не поминува многу време пред да почнете да си замислувате бизарни мрачни сценарија.

Успевате да се убедите дека сите сакаат да ве повредат и дека засекогаш ќе бидете сами.

Ова не е воопшто точно и морате да му дадете шанса на партнерот пред да се откажете од врската поради вашите црни мисли.

Стрелец

Вам ви е страв дека ќе ви биде здодевно ако целиот живот го поминете со еден партнер.

Исплашени сте дека ќе почнете да ја губите вашата независност и дека ќе се претворите во друга личност.

Не заборавајте дека со вистинската личност ќе можете да бидете свои, но и да созреете во многу подобра личност.

Јарец

Вие успевате целосно да ја избегнете љубовта и постојано се фокусирате на нешто друго.

Можеби овој месец вашиот фокус е кариерата, а следниот некој пријател, понаредниот нешто сосема трето…

Вие секогаш наоѓате нешто да ви го одвлече вниманието од фактот дека сте сингл, па не ни пробувате да ја најдете вистинската личност.

Во ред е да се фокусирате на области како кариера и пријателства, но не заборавајте дека заслужувате и љубов.

Водолија

Толку долго сте сингл, што веќе сте навикнати и се чувствувате удобно со овој статус.

Сега повеќе ви е страв од помислата да бидете во врска, отколку сами.

Навикнати сте на времето што го имате за себе и сметате дека партнерот ќе ви го одземе тоа.

Вистинската личност нема да ви одземе ништо туку напротив, ќе додаде нова вредност во вашиот живот.

Риби

Вие имате љубов за сите, но трошите толку многу енергија на семејството и пријателите, што ја заборавате романтичната љубов.

Не треба да ја запоставувате оваа потреба само за да им покажете на блиските дека ги сакате.

Бидете малку себични и дозволете си да се вљубите и да бидете среќни со некого.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg