Какви сте во улогата на брат/сестра, според хороскопот
Вага
Вие сте балансирани и сте симбол за љубов, нега и поддршка. Секогаш сте совршеното дете, но и совршениот брат/сестра.
Скорпија
Вие секогаш будно го набљудувате својот брат/сестра и сте познати како семејниот детектив. Не е лесно да се расте покрај вас, затоа што ги ловите сите злодела.
Стрелец
Вие сакате авантури, активни сте постојано и својата возбуда за сè во животот им ја пренесувате на вашите браќа/сестри. Постојано трагате по нешто ново, па забавно е да се расте со вас.
Јарец
Вие сте натпреварувачки настроени со сите, па така и со вашите браќа/сестри. Паметните ќе учат од вас, но на мрзеливите браќа/сестри ќе им бидете напорни.
Водолија
Вие сте малку дистанцирани и на моменти неспособни да ја изразите својата љубов и грижа, па затоа сте перципирани како малку студен брат/сестра.
Риби
Вие знаете како да сакате безусловно и ќе се погрижите за вашиот брат/сестра во апсолутно секоја ситуација.
С. С. | Црнобело