Какви се хороскопските знаци во сексот - кој има највисоко либидо, кој најбујна фантазија? (18+)

Со Биковите сексот може да трае со часови, а Девиците ќе ви ја откријат својата перверзна страна дури откако добро ќе ве запознаат. Што може да очекувате од сексот со секој од хороскопските знаци?

shto-mozhe-da-ochekuvate-od-seksot-so-sekoj-od-horoskopskite-znaci-koj-e-romantichar-a-koj-sonuva-za-preverzii-01.jpg

Се смета дека хороскопот во голема мера влијае врз секој аспект од животот на хороскопските знаци, па така и на сексуалното либидо и сексуалните фантазии.

Дел од хороскопските знаци преферираат одредени секс пози, а според астролозите може да имате и одредени очекувања врз основа на хороскопскиот знак на вашиот партнер.

Секој од хороскопските знаци има нешто што особено му се допаѓа во сексот, а во продолжение погледнете кои од хороскопските знаци сакаат романтика, а кои имаат „поекстремни“ фантазии.

Овен

Главен владетел на Овните е Марс и тие имаат мошне високо либидо и не се плашат веднаш да им се препуштат на страстите.

За добар секс на Овните не им требаат силни емоции, туку само страст и хемија.

Уживаат во акробатски секс-пози и често сакаат и секс на брзина, а благодарение на нивниот избувлив и агресивен карактер често знаат да доминираат и да го преземат водството.

Бик

Биковите се мошне романтични. Тие сакаат сите нивни сетила да бидат вклучени за време на сексуалниот чин, па така со нив може да очекувате водењето љубов да трае со часови.

Тие подеднакво посветуваат внимание на заведувањето, предиграта и сексуалниот чин, што им е подеднакво важно како и брзиот оргазам.

Со нив можете да очекувате интензивни сексуални искуства, а тие се хороскопски знак што уживаат во моногамија и обожаваат да се гушкаат со партнерот по сексот.

Близнаци

Близнаците се спонтани, импулсивни и авантуристи, а со нив можете да очекувате и таков секс.

Без разлика дали се во врска или имаат само авантури, Близнаците сакаат перверзни секс игри и уживаат во валканите зборови и во заведувањето, но и за време на сексуалниот чин.

На Близнаците не им се потребни силни емоции за да имаат секс со партнерот, доволно им е само да чувствуваат возбуда и да имаат со што да се пофалат подоцна.

Рак

Раковите се мошне емотивни и чувствителни и неопходно им е да се чувствуваат безбедни за време на сексот.

Ним им е потребно повеќе време за да се впуштат во сексуални авантури, а пред да го направат тоа мора да бидат сигурни дека на партнерот може да му веруваат и дека неговите намери се искрени.

Тие сакаат да му ги исполнат сите желби на партнерот и за нив сексот речиси секогаш има подлабоко значење.

Лав

За Лавовите сексот е циркус, а тие ја имаат главната улога. Лавовите важат за хороскопски знак со големо либидо, но подеднакво знаат да ја ценат и романтиката.

За нив е важна конекцијата со партнерот, но сакаат брз и интензивен секс. Честопати знаат да обрнат многу поголемо внимание на сопственото задоволство, отколку на тоа да го задоволат партнерот.

Со нив може да очекувате гласен секс, во кој ќе се препотите, но подеднакво уживаат и во водењето љубов и во предиграта, па со нив може да очекувате и масажи и галење.

Девица

За нив е најважно прво да научите да ги почитувате нивните граници, а пред да се впуштат со некого во сексуална авантура потребно им е да имаат доверба во него.

Сепак, откако еднаш ќе стекнат доверба во партнерот, од нив може да очекувате дека нема да ги кријат сопствените фантазии и желби.

Тие сакаат да му ги задоволат желбите на партнерот и се гордеат кога ќе го направат тоа, а честопати уживаат во употребата на „валкани“ зборови за време на сексот и во секс-играчки.

Уште шест знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg