Љубовен хороскоп за јануари 2022: Бикови – магнет за несоодветни личности, Водолии – ќе блескате од што сте сакани

ljuboven-horoskop-za-januari-2022-bikovi-magnet-za-nesoodvetni-lichnosti-vodolii-kje-bleskate-od-shto-ste-sakani-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе имате недоверба во односот со партнерот и ќе се карате многу поради ова. Ќе имате чувство дека тој крие нешто од вас затоа што ќе биде многу расеан и нефокусиран. Вашиот однос ќе стане многу нестабилен, а можно е дури и крај на врската, ако не почнете да минувате повеќе време заедно и отворено да разговарате за работите.

Ако сте слободни:

Ќе се чувствувате осамени и ќе имате доза незадоволство во емотивниот живот. Ќе запознаете личност која на прв поглед ќе ви изгледа привлечно и ќе бидете интимни со неа, но потоа ќе сфатите дека е склона кон лаги и дека блескава ѝ е само надворешноста. Кон крајот на месецот можно е да запознаете личност во која можете да имате доверба.

Скорпија

Ако сте во врска:

Првата половина од месецот ќе ви мине во духот на забавите, но и покрај темпото ќе бидете свесни и полни со разбирање кон потребите на партнерот. Добрата комуникација ќе ви помогне да решите некои тешкотии. Односот ќе ви стане похармоничен од кога било и ќе си бидете самодоволни, со чувство дека можете сами против светот.

Ако сте слободни:

Уште на почетокот од месецот ќе запознаете личност на која со задоволство ќе ѝ го посветувате целото свое време и внимание. Ќе се гледате и ќе минувате многу време заедно, но нема да се брзате со официјализирање на врската. Овојпат сакате да се осигурате дали вашата симпатија навистина ги има квалитетите кои ги барате во потенцијалниот партнер.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ќе имате нови идеи за тоа како сакате да изгледа вашата емотивна врска. Ќе успеете да ги стабилизирате односите ос партнерот и ќе покажете иницијатива за забавни заеднички активности. Отворено ќе разговарате за несогласувањата од минатото и на двајцата приоритет ќе ви биде врската.

Ако сте слободни:

На почетокот од јануари ќе запознаете личност која е навистина забавна и поинаква во сфаќањето на животот од сите околу вас. Со својата интелигенција и страст за живот ќе ве зарази и вас. Прво можно е да контактирате преку социјалните мрежи, а во средината на месецот да остварите и средба во живо. Емотивното зближување ќе оди бавно, но сигурно.

Јарец

Ако сте во врска:

Ќе бидете полни со емоции и на партнерот ќе му ја покажете својата нежна страна. Ќе зборувате за заедничките цели и лесно ќе се разбирате. Ќе ви годи некое кратко заедничко патување. Ќе го исполните ветувањето кое одамна му го дадовте на партнерот. Убаво што еден на друг си станувате најголемата поддршка.

Ако сте слободни:

Одново ќе се зближите со некој поранешен партнер. Можно е обновување на врската или едноставно задоволување на потребата да си бидете присутни во секојдневието еден со друг. Но, многу брзо ќе сфатите зошто некогаш ставивте крај на оваа врска и ќе имате благо разочарување. Оставете ги отворени картите за нови познанства, можно е нешто неочекувано.

Водолија

Ако сте во врска:

Јануари ќе ве освести дека треба да ѝ обрнувате повеќе внимание на саканата личност и на семејството. Ќе имате повеќе топлина, нежност и интимни мигови во односот со партнерот. Ќе блескате затоа што ќе се чувствувате сакано. Кон крајот на месецот ќе сфатите дека партнерот има комплетна доверба да се потпре на вас. Исполнете му ги дадените ветувања.

Ако сте слободни:

Некоја неочекувана средба ќе ви донесе нова љубов. По само неколку средби ќе се поврзете на навистина моќен начин и ќе поверувате во вистинска љубов. Брзо ќе стекнете доверба еден во друг и ќе започнете емотивна врска. Ќе си го посветувате цело време еден на друг и ќе ги запоставите дури и пријателите.

Риби

Ако сте во врска:

Ќе минувате повеќе време со партнерот и ќе имате навистина интимни мигови заедно. Конечно ќе направите некоја средба на настан од ваш тип, како концерт, кино или театар, нешто што многу ви недостасуваше. На крајот од месецот нема да се согласувате околу некоја работа и можни се недоразбирања. Отворете го срцето пред партнерот и доверете му се.

Ако сте слободни:

Почетокот на јануари ќе ви донесе средба со личност со која некогаш бевте блиски и интимни. Нема да можете да одолеете еден на друг затоа што ќе ви се врати некогашната страст. Ќе имате тајни средби, затоа што сте свесни дека пријателите ќе ве осудат за потегот. Можно е да ја обновите врската или само да се разделите тивко и нечујно.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg