Изговори според хороскопот
Вага
Овој совршен знак, постојано во рамнотежа, не сака лоша атмосфера. Ако сте Вага, анализирајте ја ситуацијата и решете ги проблемите пред да станат големи.
Скорпија
Бидејќи Скорпијата го гледа извинувањето како понижување, единствен начин на кој што се извинува е така што станува добар, мил и драг, а потоа бргу сака да ја заборави ситуацијата и продолжува понатаму. Затоа, извинете се со добро однесување и со некоја добра постапка, тоа ќе значи повеќе од зборовите.
Стрелец
Главно несовесен и невнимателен Стрелецот знае да погоди таму каде што најмногу боли. Ако сте припадник на овој знак бргу ќе сфатите во што е проблемот и ќе се извините од срце.
Јарец
Ако дојде до расправија, Јарецот ќе се закопа во работата и додека работи ќе смисли извинување кое што ќе го промрмори. Драги Јарци, извинете се малку погласно и наградата ќе биде поголема (а вие сакате подароци).
Водолија
Водолиите се познати провокатори. Затоа драги шегаџии кога ќе сфатите дека ѓаволот ја однесол и последната шега, извинете се на ваш својствен весел и неодолив начин. Подобро и такво извинување отколку никакво, а при тоа да се надеваме дека другата страна има меко срце.
Риби
Понекогаш во навредувањето и бруталната Риба ќе сфати дека погрешила. За припадниците на овој знак е добро тоа што бргу ќе се појави со чоколадо и слатки зборови пред повредената личност.