Љубовен хороскоп за јануари 2021: Вагите ќе имаат несогласувања и незадоволство, Близнаците ќе почнат заеднички живот
Пандемијата многумина натера да гледаат поинаку на љубовта - кои парови ќе ја зацврстат својата врска, кои ќе сфатат дека е време за заеднички живот, а кои од слободните знаци и покрај тешките услови, ќе успеат да најдат љубов?
Првиот месец од годината носи љубовни подеми и падови, голем дел од знаците ќе успеат да ги надминат конфликтите, а некои ќе си ги однесат и во вториот месец од годината. Што и да правите, не заборавајте да си го зачувате и здравјето.
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за јануари 2021:
Овен
Ако сте во врска:
По првите 7 дена од месецот ќе влезете во фаза во која ќе бидете мотивирани за остварување на заеднички цели. Ќе ви се зголеми и зајакне страста, а тоа ќе им годи на двете страни. Врската ќе ви биде динамична и со меѓусебно поддржување. Ќе откриете нови начини на кои ќе си ги остварувате желбите и потребите во љубовта. Во втората половина ќе преовладуваат нежности, а ќе бидете во можност да исполните некоја желба на партнерот.
Ако сте слободни:
Ќе ви се пружат повеќе прилики да влезете во врска, бидејќи ќе бидете опкружени со личности кои ќе сакаат да ви го привлечат вниманието. Една од нив ќе ве привлече со атрактивен изглед, а ќе зрачи со енергија и страст. Некоја од нив ќе се издвојува по својата оригиналност и интелектуалност, а ќе има и некоја што ќе биде романтична. Изборот ќе биде тежок.
Бик
Ако сте во врска:
Во првата декада од јануари ќе наидете на поголемо прифаќање на вашите идеи од страна на партнерот и ќе имате поголема поддршка, но ќе го бара тоа и за возврат. Без размислување ќе се вложите обострано во врската. Повремено можни се мали несогласувања, но лесно ќе ги решите. Во втората декада ќе ви годат интимни моменти само за вас двајца, но можни се поголеми конфликти за плановите на долг рок. Направете промени во плановите.
Ако сте слободни:
Некоја личност која неодамна сте ја запознале, ќе ви се јави или пише, а ќе следи и предлог за средба со разни изговори со кои ќе сака да ја изнуди средбата. Ќе сфатите дека ѝ се допаѓате, ќе почнете да се гледате, но нема да бидете сигурни што сакате. Физичкиот изглед ќе ве привлекува, но ви пречи слободата на изразување. Сепак, до крајот на месецот може да ви се смени мислењето.
Близнаци
Ако сте во врска:
Првиот месец од годината ќе ви донесе пријатни интимни моменти со саканата личност. Ќе бидете романтични, ќе фантазирате, имате добра комуникација и добро чувство кога сте заедно. Ќе се разбудат скриените страсти, а ќе имате и усогласени идеи околу заедничкиот простор. Можно е да започнете да живеете заедно, да го промените или реновирате живеалиштето. До крајот на месецот можно е да откриете некои тајни кој партнерот ги криел, а тоа ќе донесе тешкотии во односот.
Ако сте слободни:
Во првата половина на јануари ќе бидете расположени за кратки авантури, ќе бидете во контакт со некои поранешни партнери и ќе комуницирате со личности кои ви се допаѓаат. Најмногу внимание ќе обрнете на личноста која ќе знае да ве поткрене од зимската монотонија, некој кој е полн со акција и со кој имате бројни интереси, но ќе бидете заинтересирани за отворена врска.
Рак
Ако сте во врска:
Првиот дел од месецот ќе го поминете во заеднички активности со партнерот и со најблиските. Во врската ќе внесете забава и ќе излезете од монотонијата која може да влијае лошо на љубовниот живот. Фокусирани сте на некои заеднички цели. Во втората половина на месецот ќе успеете да внесете некои новитети што целосно ќе ја трансформира врската. Ве очекува период на стабилност и зајакнување.
Ако сте слободни:
Во текот на јануари ќе успеете да си ги остварите љубовните желби. Ќе запознаете некој кој ќе ви ја врати вербата во љубов на прв поглед. Помеѓу вас ќе има хемија која не се опишува, а ќе се гледате на необични места типични за вашите интереси.
Лав
Ако сте во врска:
Во првата половина на месецот ќе успеете да внесете нешто ново и квалитетно во односот со саканата личност. Тоа ќе ви донесе стабилност и согласување околу најважните работи во врската. Ќе ја подобрите комуникацијата и ќе имате подобро разбирање еден за друг. Крајот на месецот може да донесе неочекувани кавги, но ќе покажете дека не паѓате на мали искушенија и ќе излезете посилни од конфликтот.
Ако сте слободни:
Месец јануари ќе биде динамичен и ќе запознавате разни личности кои имаат потенцијал да ви станат партнери. Ќе можете да бирате помеѓу личности кои се вечни оптимисти и ве носат во својот розов свет, или некој кој е насочен на науката и амбициозноста. Постарите Лавови ќе го гледаат љубовниот живот од нов агол и ќе се впуштат во некои нови искуства кои претходно биле неприфатливи за нив.
Девица
Ако сте во врска:
Очекувајте подобрена комуникација со партнерот. Ќе имате некое добро чувство дека работите одат кон нагорна линија и љубовниот живот ви добива посебен шмек. Ќе си бидете погодени во текот на јануари, ќе имате „интерни шеги“ што другите нема да ги разбираат и ќе сфатите колку сте создадени еден за друг. Нема да дозволите времето поминато заедно да ви е здодевно, дури и ако сте во домашна атмосфера и сами.
Ако сте слободни:
Јануари ќе ви донесе неочекувана средба и познанство со личност која ќе ве привлече како магнет и од која нема да може да ги тргнете мислите. Ќе ве заведе со начинот на зборување, со пристапот, со интелигенцијата, а ќе имате добро чувство дека нема да заврши како некоја претходна авантура. Постарите Девици може да влезат во врска која ќе биде трајна.