6 хороскопски знаци со кои сексот е секогаш „експлозивен“
Иако сите хороскопски знаци имаат свој тип на сексуалност и заведување, овие три знаци кај мажите и жените се сметаат дека се непобедливи во креветот.
Кои три знаци се најдобри секс партнери кај мажите?
Бик
Романтичен. Што се однесува до плодноста – најмоќен знак во хороскопот. Овој тип на маж нуди вистинско уживање. Добро ја познава женската природа и знае што треба да направи во секој момент.
Најдобри партнерки за маж Бик се Скорпија, Девица и Јарец.
Лав
Не сака перверзии и експериментирање, но затоа е страстен љубовник. Може да ја возбуди секоја жена. Мажествен и силен. За него сексот е „парада на еротика“, а сексуалниот чин трае долго, со сите ритуали пред и потоа.
Најмногу му одговара жена во знакот на Скорпија, но тешко може да ја освои, па затоа се задоволува и со Стрелец, Девица, Близнаци.
Скорпија
Неговата енергија лежи во моќното либидо. Секогаш е подготвен за сексуална авантура. Пред и после сексот знае да биде внимателен, а за време на сексот жежок и енергичен.
Најмногу му одговара жена во знакот Бик и Стрелец. Девиците го освојуваат најлесно.
Три хороскопски знаци кај жените кои се најдобри секс партнерки:
Лав
Сакаат да бидат неприкосновени во сексот. Ќе се потрудат да ги остварат сите ваши желби.
Најдобри партнери во креветот се со Водолија, Стрелец, Овен, Близнаци или Скорпија.
Скорпија
Жената родена во знакот на Скорпија е со еротска природа и голема желба за секс. Заводничка, руши секакви стереотипи во врска со сексот. Пребира партнер, затоа што не сака да доживее разочарување. Сексот со Скорпија е вистинска екстаза.
Најдобро се согласува со Водолија, но и со Скорпија, Риба, Рак или Јарец.
Близнаци
Жената во знакот на Близнаци внесува емоции во сексот. Грациозни и вешти во креветот, се сметаат за најдобри љубовници. Ако некој ја привлекува, нема да чека за да го освои.
Во сексот најмногу им одговараат Водолија и Овен, но и Лав и Стрелец.
Е. П. | Црнобело