Познати парови со компатибилни хороскопски знаци – Дали и вие спаѓате овде?

Речиси сигурно луѓето најмногу се потпираат на астрологијата кога станува збор за врските и љубовта.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-01.JPG

Веројатно и вие барем еднаш сте провериле дали ви се компатибилни хороскопските знаци со партнерот.

Но сте се запрашале ли за компатибилноста на познатите парови?

Погледнете кои славни парови се одлична астролошка комбинација, и дознајте дали и вие спаѓате овде:

Бијонсе (Девица) и Џеј Зи (Стрелец)

На прв поглед изгледа дека врската помеѓу практичната Девица и разиграниот Стрелец никогаш нема да функционира.

Но, Џеј Зи и Бијонсе го докажуваат спротивното.

Тие одново и одново покажуваат дека кога ќе ја споите посветеноста на Девицата и визионерскиот став на Стрелецот, резултатот е едно моќно дуо.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-02.JPG

Ким Кардашијан (Вага) и Канје Вест (Близнаци)

Ким и Канје имаат воздушни знаци. И Вагите и Близнаците се луѓе кои обично се популарни, па овој пар функционира одлично.

На Вагите и на Близнаците им е потребен партнер кој ќе ја прави врската интересна, но и кој ќе го збогати нивниот социјален живот.

Па, Канје и Ким се одлична комбинација.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-03.JPG

Ајеша (Овен) и Стеф Кари (Риби)

Понекогаш, независниот Овен може да им предизвика вистинска главоболка на нежните и слатки Риби.

Но, разликите помеѓу овие два знака се она што ја прави врската успешна.

И самата Ајеша има изјавено дека токму добрината и нежноста на Стеф ја привлекле. Стеф, пак, бил воодушевен од нејзината самодоверба и независност.

Од познатиот пар можеме да заклучиме дека и Овните и Рибите се добра комбинација.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-04.JPG

Пријанка Чопра (Рак) и Ник Џонас (Девица)

За грижливите Ракови кои минуваат многу време грижејќи се за другите, потребен е посветен партнер, како Девиците.

А, изгледа дека Ник Џонас ѝ ја дава целата поддршка што ѝ е потребна на Пријанка.

Истовремено, мажите Девици сакаат жени кои можат да бидат лидери, токму какви што се Раковите.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-05.JPG

Криси Тајген (Стрелец) и Џон Леџенд (Јарец)

На понекогаш жестоките Стрелци им треба партнер кој знае како да ги смири.

На вредните Јарци, пак, им треба партнер оптимист, кој нема да им ја украде слободата.

Ова ги прави Стрелецот и Јарецот совршена комбинација, а врската на Криси и Џон само го потврдува тоа.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-06.JPG

Карди Би (Вага) и Офсет (Стрелец)

Кога Вагата и Стрелецот ќе се спојат, врската ќе биде изградена врз вистинско пријателство. Особено ако и двата знака ја делат љубовта кон уметноста, музиката и активниот живот.

И Карди Би и Офсет се музичари, интернационални џетсетери и посветени партнери.

Тие се динамично дуо, како и што се очекува од комбинацијата Вага-Стрелец.

poznati-paroti-so-kompatibilni-horoskopski-znaci-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg