Како влијае есента на вашиот хороскопски знак?
Вага
Софистицираните Ваги сакаат префинети работи во животот, па разгледувањето на некоја локална винарија или вечера во затворена винарија би била одличен избор за есенско уживање.
Пробувајте и дегустирајте вина, а може и да ѝ подарите вински водич за почетници. И внимавајте, Вагите сакаат да бидат импресионирани преку облекувањето, бидејќи изгледот им е многу важен.
Скорпија
Ова е знак кој сака загатки, па сите лавиринти и мистериозни игри се прав погодок за нив. Само верувајте дека забавата кратко ќе трае, со оглед на упорноста и интелигенцијата на Скорпијата.
Па, испланирајте и бекап план, како на пример разгледување на некоја „опседната“ куќа или локација која крие многу мистериозни приказни. Скорпиите со задоволство ќе тргнат да го истражуваат непознатото и тешко достапното.
Стрелец
Стрелците се најголеми авантуристи во Зодијакот, па може да ги воодушевите со „едноставно“ освојување на некој врв, каде би можеле да водите љубов.
Единствено мора да пазите да држите чекор со ентузијазмот на Стрелецот, за да се докажете дека сте достојни. Овој знак знае и може да патува сам низ светот и животот, па ќе мора да покажете дека сте вреден сопатник.
Јарец
Јарците секогаш сакаат да имаат чувство дека прават нешто практично и корисно, па дури и најобичното собирање на лисја ќе им го задржи вниманието.
Ваша задача е да ги опуштите низ разговор, додека конечно се ослободат од стресот кој го чуваат во себе.
Водолија
Кога планирате да го окупирате времето на Водолијата, имајте на ум дека што пооткачено го пополните – тоа подобро. Сакаат групни патувања во кои ќе вклучите и малку истражува на натприродното.
Времето поминато во хуманитарни цели, како и чистењето на локалното паркче или донирањето на облека и храна, ќе ги импресионира и усреќи.
Риби
Најромантичниот знак во Зодијакот сака да се поврзе на духовно ниво, па есента во знакот на медитацијата и јогата за Рибите се добар избор.
Ќе добиете прилика да уживате во боите на есента, а покрај тоа и ќе го продлабочите односот и близината со нив.
М. Д. | Црнобело