Љубовен хороскоп за август 2019: Вагите – врска на далечина, Девиците – ќе паднат на „зафатена“ личност

Летни љубовни авантури, нови предизвици или конфликти во сегашните врски – каков ќе ви биде љубовниот живот во август?

ljuboven-horoskop-za-avgust-2019-vagite-vrska-na-dalechina-devicite-kje-padnat-na-zafatena-lichnost-01.jpg

Бидете подготвени на љубовно поле за максимално да уживате во текот на месецот.

Што ви скроиле ѕвездите за љубовниот живот прочитајте во продолжение:

Овен

Ако сте во врска:

Почетокот на август може да ви донесе неочекувани несогласувања со саканата личност и емоционално оддалечување. Недостатоците и негативните карактеристики ќе ви бидат поистакнати, но ова е минливо. До средината на месецот ќе успеете да се стабилизирате и ќе си пружите искрена љубов и внимание. Внесете повеќе забава и фокусирајте се на заеднички задоволства.

Ако сте слободни:

Можно е да се предомислите во врска за личноста со која сте сакале да се впуштите во нешто повеќе од авантура, а на тоа ќе влијае некоја друга личност која повеќе ќе ви го одвлече вниманието. Ќе имате шанса да бирате со кого сакате емотивно да се зближите, а ќе ја одберете личноста со ведар и оптимистичен дух, секогаш подготвена за забава.

Бик

Ако сте во врска:

Можни се неочекувани несогласувања во врска со домашните и семејни обврски. Ќе бидете посветени на себе, а партнерот ќе ве критикува за себичноста. Неопходно е да ја подобрите комуникацијата и да разговарате за заедничките планови за да ги надминете несогласувањата. Потребно ви е да ја зачините врската и да внесете малку забава во монотоното секојдневие. Кон средината на месецот ќе започнете нешто ново и ќе се зближите.

Ако сте слободни:

Ќе уживате во летниот период и шансите за нови познанства. Ќе излегувате почесто со пријателите и ќе се забавувате со личност со која ќе имате заеднички интереси. На почетокот ќе сакате само авантура, но тоа може да прерасне во сериозна врска, ако сте отворени од самиот старт. До крајот на месецот можно е да ви се остварат желбите.

Близнаци

Ако сте во врска:

Среќата ви е наклонета во август, па очекувајте значајно подобрување на односите во врската. Комуникацијата со партнерот ќе се одвива многу подобро и ќе си доверите работи кои претходно сте ги премолчувале еден од друг. Кон средината на месецот ќе ги надминете и минатите недоразбирања, а ќе се согласите околу повеќе заеднички идеи со што ќе го зачините секојдневието.

Ако сте слободни:

Ќе зрачите со посебна енергија и привлечност и многумина нема да можат да ви одолеат, но посебно ќе им го привлечете вниманието на неколку личности, кои ќе ги запознаете на забави или патување. Месецот е поволен да започнете емотивна врска, која ќе биде стабилна, со личноста која ќе се покаже како ваша сродна душа. Изберете добро.

Рак

Ако сте во врска:

Во август ве очекуваат стабилни односи со саканата личност. Ќе се посветите на сите работи кои сте ги запоставиле во изминатиот период во врската. Ќе се фокусирате и на заедничките цели, а можно е да остварите и некое патување кое долго ви стоело на листата со желби. Во втората половина ќе ви се подобри комуникацијата и ќе споделите нешта кои сте сакала да си ги раскажете, но не сте имале шанса.

Ако сте слободни:

Постои некој за кој долго време имате чувства и со кој сте биле блиски, па можно е страстите да се разгорат и да се случи нешто повеќе од пријателство. Ќе почнете да се гледате, а долгите разговори ќе бидат доказ дека сте создадени еден за друг. Ќе се отворите и тоа уште повеќе ќе ве зближи, па очекувате да започнете нова врска. Сепак, не летајте во облаци и гледајте ги работите реално.

Лав

Ако сте во врска:

Првата половина на месецот очекувајте повеќе заеднички излегувања и забава со саканата личност. Ќе надоместите за изгубеното време и ќе поминувате повеќе моменти заедно. Имате силна потреба за разговори, па месецов ќе си ги споделите најдлабоките чувства и ќе правите заеднички активности кои долго сте ги одложувале. Кон крајот на месецот можно е да планирате некои заеднички инвестиции и ќе бидете пријатно изненадени.

Ако сте слободни:

Ќе знаете како да ги истакнете вашите лични квалитети и ќе привлечете неколку личности од спротивниот пол на кои нема да останете рамнодушни. Личноста на која ќе се решите да ѝ пријдете на почетокот ќе биде рамнодушна на вашите обиди за флерт, но кон втората половина на август, ќе „падне“ на вас.

Девица

Ако сте во врска:

Овој месец очекувајте усогласување во семејните односи и подобра комуникација со партнерот. Ќе поминувате повеќе време во домашна атмосфера и ќе го посветите времето на саканата личност, со членовите од семејството. Можно е да испланирате реновирање или пак, заедничко вселување. Ќе чувствувате поголема храброст да кажете нешто што сте премолчувале, а со тоа уште повеќе ќе се зближите.

Ако сте слободни:

Можно е да паднете на личност во врска или брак, а работите уште повеќе ќе се искомплицираат ако почнете да чувствувате нешто повеќе, заемно. Нема да бидете сигурни дали сакате да прифатите тајна врска, но зближувањето нема да ви помогне во одлуката па ќе паднете во искушение. Не очекувајте премногу од оваа врска.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg