Љубовен хороскоп за јуни 2019: Овните ќе откријат неверство, Раковите ќе влезат во врска со пријател

ljuboven-horoskop-za-juni-2019-ovnite-kje-otkrijat-neverstvo-rakovite-kje-vlezat-vo-vrska-so-prijatel02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

На почетокот на јуни ќе владее позитивна енергија која ќе ви помогне да ги подобрите односите со саканата личност и ќе имате поинтимни моменти во секојдневието. Очекувајте зајакнати страсти, а може да испланирате и заедничко патување. Кон средината на месецот можни се несогласувања околу заедничките цели поврзани со домот и семејството, а работните обврски може да ве оттргнат од ова поле. Кон крајот на јуни ќе ги надминете пречките.

Ако сте слободни:

Личноста која ќе ја запознаете преку професионални активности ќе ве привлече многу и можно е да почнете да чувствувате нешто повеќе. Привлечноста ќе биде обострана и набрзо ќе станете интимни, но веднаш потоа ќе почнат компликации, бидејќи личноста ќе биде склона кон неверство. До крајот на месецот ќе се насоберат повеќе конфликтни ситуации, но ни тоа нема да ви биде доволно за да ја прекинете врската.

Скорпија

Ако сте во врска:

Почетокот на јуни ќе ви донесе поголеми согласувања во односот со партнерот, ќе размислувате исто и ќе се чувствувате исто, па лесно ќе правите заеднички планови за наредниот период. Ќе ви годат излети во природа каде ќе може да уживате во интимните моменти, а тоа ќе ви донесе стабилност. Ако наидете на несогласувања, не дозволувајте да прераснат во големи, решете ги со компромис.

Ако сте слободни:

Личноста која ќе ја запознаете преку некој заеднички пријател, непрекинато ќе ви испраќа знаци на внимание кои вие ќе ги игнорирате. Ви се допаѓа начинот на кој ќе ви приоѓа личноста, но не ве привлекува физички. Од друга страна, личноста која ве привлекува, ве игнорира подолго време. Во другата половина на месецот ќе се појави трета личноста која ќе умее да ве заведе, но брзо ќе сфатите дека се работи за несериозна авантура.

Стрелец

Ако сте во врска:

Лесно ќе паѓате во искушенија што ќе доведе до нестабилност во односите со партнерот. Ќе бидете чувствителни и со променливо расположение, заради што ќе биде невозможно да се усогласите, па ќе се оддалечите. Бидете подготвени на компромиси ако сакате да се извлечете од тешкотиите. Ставете ги и потребите на партнерот на прво место и приспособете се еден на друг.

Ако сте слободни:

Ќе имате чувство дека опкружувањето не ви одговара и ќе увидите дека не можете да најдете никој кој е доволно интересен и вреден за да влезете во врска. Никој нема да ви го привлече вниманието дури ниту за авантура. Најдоброто што може да го направите е да го смените опкружувањето, да патувате почесто и да се дружите со различни луѓе за да се поврзете со нови личности.

Јарец

Ако сте во врска:

На почетокот на јуни ќе се обидете да ја разбудите страста и да ги подобрите односите со партнерот. Внесете повеќе забава, заеднички дружби и патувања во вашата врска. Посветете се еден на друг и опсипувајте го партнерот со внимание. Исполнувајте си ги меѓусебните желби. Во втората половина можно е да наидете на несогласувања и разлики во очекувањата, а ако не се потрудите да најдете заедничко решение, можно е да дојде до разделување.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете личност која ќе предизвика љубов на прв поглед, а помеѓу вас брзо ќе се разбудат страстите и ќе започнете врска полна со динамичност и еротска привлечност. Освен тоа, за кратко време ќе развиете и емотивна блискост, но нема да може да ги избегнете посесивноста и љубомората. Сепак, постои можност за успешна врска и не мора веднаш да се откажувате.

Водолија

Ако сте во врска:

Очекувајте несогласувања со партнерот околу заедничките финансии и плановите кои ќе ве изложат на финансиски трошок. Поминувате многу време излезени со пријателите, а на партнерот може тоа да почне да му пречи, што повторно ќе доведе до сериозни несогласувања. Избегнувајте неискреност и бидете подготвени на компромис. Кон крајот на месецот односите ќе се подобрат и ќе имате идеи како да ги решите проблемите.

Ако сте слободни:

Ќе ви одговара повеќе време поминато во дружба и забава и многу време ќе поминувате во излегување до пријателите. Тоа ќе ви помогне да запознаете личност која ќе ве привлече, но ќе откриете дека не е слободна и може да посака да влезете во тајна врска. Тоа ќе се покаже како комплициран процес и набрзо ќе се откажете, па ќе ѝ дадете шанса на личност која одамна ви подарува внимание, но ниту таа личност нема посебно да ве исполнува.

Риби

Ако сте во врска:

Можни се несогласувања со партнерот околу заедничките цели, но нема да сакате да попуштите, ниту да прифатите компромис. Тоа ќе донесе до кавги и оддалечување. Потрудете се да најдете начин да ги решите несогласувањата и покрај незадоволството, ако сакате да продолжите понатаму. Ќе ви пречи секоја ситница и ќе мора да внесете некоја промена. Испланирајте заедничко патување и почести викенд бегства.

Ако сте слободни:

Личноста кон која имате чувства ќе избегнува да ви обрнува внимание и тоа ќе ви создава немир. Кон средината на месецот конечно ќе успеете да ѝ привлечете внимание, но набрзо ќе се разочарате и ќе сфатите дека немате заеднички работи. Ќе ви биде потребно време да го преболите разочарувањето, а на крајот на месецот ќе запознаете личност со која ќе имате меѓусебна привлечност.

 М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg