Девицата чисти опсесивно, Јарецот го чува само она што му е корисно - Што открива хороскопот за вашиот дом?

Вага

Овој знак се фокусира на естетиката. Нема ништо погрешно во тоа да сакате домот да изгледа убаво, но ако не внимавате, лесно може да стане нефункционален.

Како Вага, внимавајте да не претерате со декоративните елементи и следниот пат кога ќе посакате да купите уште еден украс, осигурајте се дека имате соодветно место за него.

Скорпија

Кога Скорпијата ќе реши дека веќе не сака одреден предмет, не треба да и кажете два пати за да се ослободи од него.

Нејзините емоции се секогаш интензивни, и околината во која живее и работи е рефлексија на оваа нејзина особина.

Ако одреден предмет не ја радува, ќе најде начин да ја уништи за дефинитивно да ја прекине конекцијата со истиот.

Стрелец

За Стрелците се карактеристични повеќенаменските предмети, како на пример софа што се претвора во кревет.

Тие можат да преживеат на одмор и со само еден ранец, но тоа не значи дека така треба да се однесуваат и дома.

Ако сте Стрелец, опуштете се малку и дозволете си да уживате во нешта кои ви се навистина потребни.

Јарец

Јарецот е најорганизираниот и најпрагматичниот од сите знаци во зодијакот.

Нему му е потребно секој предмет што го поседува да е корисен, и има прилично софистициран систем за организација на своите работи.

Единствениот негативен момент овде е тоа што знае да биде премногу строг, односно да не се грижи за тоа како другите се чувствуваат во неговиот дом.

Водолија

Домот на Водолијата е како музеј на спомени од патувања и авантури.

Има колекција на предмети со уметничка вредност на која може да и позавидите, но треба да научи да не ги расфрла работите насекаде.

Ако сте Водолија и имате безброј ситници низ домот, максимално користете го вертикалниот простор.

Риби

Рибите тешко се решаваат да се ослободат од непотребните работи, а тоа е поради комбинацијата од сентименталност и креативна енергија што ја носат во себе.

Ако сте Риба и се пронајдовте во описот, поченете од малите нешта - запрашајте се дали одреден предмет ви користи и дали воопшто ве радува кога ќе го видите.

Уште поедноставно, организирајте ги нештата во кутии со одредена дата. Ако не ја допрете кутијата до таа дата, донирајте ги.

А. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg