Љубовен хороскоп за март 2019: Стрелците ќе се смират со бившите, Вагите ќе влезат во врска без обврски
Вага
Ако сте во врска:
Ќе почнете да размислувате за работите кои ви недостасуваат во односот со партнерот за да си ги задоволите меѓусебните потреби и да не западнете во монотонија. Ќе го изненадите пријатно партнерот и ќе бидете подготвени на компромиси. Креативноста ќе ве мотивира постојано да внесувате нови работи кои ќе ви ги зајакнат односите. Кон крајот на месецот бидете внимателни – желбата за слобода може да му пречи на партнерот.
Ако сте слободни:
Склони сте кон забава и авантури, па ќе се фокусирате кон личност со која може да започнете слободна врска и да се гледате кога ќе бидете расположени за тоа, без обврски и големи планови. Таква личност може да запознаете кон средина на март, а иако на почеток ќе ви одговара слободата, со тек на време може да посакате да се врзете и емоционално.
Скорпија
Ако сте во врска:
Со саканата личност ќе отидете чекор напред и можно е да почнете да планирате заедничко живеење или да внесете други посериозни новитети во врската. Тоа ќе ве зближи повеќе, а одлично ќе се согласувате во заедничките цели. Ќе поминувате повеќе време заедно, а втората половина на месецот ќе ви донесе повеќе забава и романтични моменти.
Ако сте слободни:
Личност која подолго време е во ваша близина на сите начини ќе се обидува да ви го одвлече вниманието кон себе, но не ве привлекува. Ќе се обидете да ѝ го дадете тоа до знаење, но неуспешно. Кон средина на месецот ќе запознаете некој кој ќе ви се допадне на прв поглед. Очекувајте и позитивни и негативни моменти, а ќе мора да одлучите кои ќе надвладеат.
Стрелец
Ако сте во врска:
Месецот може да ви донесе некои несогласувања во врска со договорите, заедничките планови, домашните обврски и финансиите. Може да дојде до дополнителни компликации заради притисокот од околината, па обидете се љубовниот живот да не го споделувате со сите. Кон крајот на месецот ќе постигнете компромис и односите значително ќе се подобрат, а двајцата ќе вложувате енергија за остварување на заедничките планови.
Ако сте слободни:
Ќе имате потреба за поголема сигурност и ќе почнете да трагате по личност со која ќе може добро да се согласувате во сериозна и емоционална врска. Ќе дојдете во контакт со личност со која сте биле во некаков однос претходно, па ќе го обновите контактот и ќе почнете почесто да се гледате. По подолго време поминато заедно може да одлучите да си дадете повторна шанса, но избегнувајте грешки од минатото.
Јарец
Ако сте во врска:
Ќе ви годат разговорите со партнерот за заедничките планови и можноста за внесување новитети во врската. Веќе подолг период имате чувство дека се вртите во ист круг, а партнерот ќе биде подготвен да ве ислуша и да го предложи тоа што му недостасува во врската. Ќе бидете отворени, опуштени и ќе ја направите врската позабавна. Ќе бидете зафатени со заеднички активности и посета на настани.
Ако сте слободни:
Ќе бидете повеќе посветени на сопствените потреби и нема да имате желба за сериозни врски. Во првата половина на месецот ќе ви одговара слободата, дружењето и кратките авантури. Малку подоцна ќе запознаете личност со која имате заеднички интереси. Прво ќе се впуштите во врска без обврски, а потоа можно е да се појават и емоции.
Водолија
Ако сте во врска:
Ќе ја опсипувате саканата личност со мали, но значајни знаци на внимание и подароци со симболична вредност. Ќе бидете повеќе посветени на партнерот и љубовта од вообичаено, што ќе влијае позитивно кај другата страна. Кон средината на месецот ќе се решите и од несогласувањата од изминатиот период и ќе бидете мотивирани да останете отворени еден кон друг и да се доверувате.
Ако сте слободни:
На почетокот на месецот ќе се чувствувате запоставено, посебно ако неодамна сте прекинале подолга врска. Ќе имате чувство дека никој не ве забележува вас и вашите квалитети и дека не привлекувате ничие внимание. Кон средината на месецот ќе се појави некој кој ќе ги разбере вашите потреби без многу објаснување, па може да почнете да се гледате и да влезете во нешто сериозно.
Риби
Ако сте во врска:
Очекувајте несогласувања со партнерот и тешкотии во комуникација, договори и заеднички планови на почетокот на месецот. Ќе владее напната атмосфера, па избегнувајте тајни за да не ја искомплицирате ситуацијата. месецот не е погоден за заеднички патувања, но би било одлично да се посветите на дружење со блиски пријатели и да избегате од монотонијата.
Ако сте слободни:
Некој со кој претходно сте биле во врска може да ве исконтактира и да побара да се обидете одново. Ќе се чувствувате како да сте ставиле одамна крај на тој однос, но ќе се двоумите. Од една страна чувствувате потреба за зближување, а од друга, разумот не ви дозволува, па ќе настане конфузија во вашата глава. Сепак, на крајот срцето ќе победи.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





