Кафански хороскоп: Биковите се расправаат на пијано, Лавовите прават атмосфера

Веројатно имате еден или неколку одредени пријатели кои ви се најпогодно друштво за во кафеана.

kafanski-horoskop-bikovite-se-raspravaat-na-pijano-lavovite-pravat-atmosfera-01.jpg

Оние „искусните кафанџии“ знаат дека не се оди со секој во кафана, бидејќи со секој може да си поминете различно, а хороскопот има голема улога во тоа.

Па така, се смета дека Вагата е еден од најдобрите знаци за излегување, забавување и пиење.

Овој кафански хороскоп ќе ви открие со кој да ја резервирате следната кафана:

Овен

Овните се познати по тоа што се пријателски настроени и сакаат да дремат по кафеани, под дејство на магичниот алкохол, па одат од човек на човек и проверуваат кој колку испил. Ако не пиете доволно, бидете сигурни дека Овенот е подготвен да ве части само за да ја постигнете неговата доза. Овенот секогаш ќе најде начин да ве „налее“ и расположи.

Бик

Ако ви треба навигатор за добра кафеана и ноќен живот, Бикот е секогаш тука за вас, но, бидете внимателни, бидејќи кога добро ќе се напие, тврдоглавоста излегува на виделина и може да направи хаос. Ако не му се допаѓа некој план за вечерта, подготвен е да се расправа со сите, па кога е пијан, најдобро ви е да го почитувате.

Близнаци

Близнаците не толерираат неодлучни луѓе, па кога сте со нив, подобро е да знаете каде сакате да одите, што сакате да јадете и пиете и каква музика сакате да слушате. Но, имајте во обѕир дека тие не сакаат долго да седат на едно место, па веројатно ќе мора да ја дегустирате храната и пијалакот во повеќе локали.

Рак

Овој знак станува премногу емотивен уште по третото пиво. Брзо се опиваат, па почнуваат да мешаат алкохоли, а тоа влијае на нивната чувствителност, па си ја отвараат душата, дури може и да се расплачат. Па затоа, пиењето со Раковите во кафеана можеби и не е најдобра идеја ако не сакате да се чувствувате како терапевт.

Лав

Сè додека има алкохол, Лавот ќе биде задоволен и ќе треска глупости како навиен, без уста да затвори. Тие не ги бираат зборовите без да размислат дали некого ќе навредат, но најчесто сите ги засмејуваат. Иако понекогаш знаат да направат хаос и драма, сепак без нив ќе ви биде здодевно, па подобро е да се препуштите на лудилото и верувајте ќе имате безброј фотки и видеа.

Девица

Девиците се редовни гости во локалните „биртии“ во кои се налеваат со вино во некој ќош по напорен ден на работа. Некогаш знаат и сами да седнат на шанк и да се исповедаат на тие околу нив. Не се идеални партнери за пиење, бидејќи сакаат да претераат и да направат хаос дури и на елитните места.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)? И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размис...
4 хороскопски знаци на кои очајно им е потребен одмор Скорпии, можеби пробувате да се убедите дека не ви е потребен одмор, но и самите...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg