Кое е вашето најмоќно оружје во животот - според хороскопскиот знак?
Вага
Вагите поседуваат вродено чувство за мера и баланс. Иако се чини како во главата да имаат конфликт на две различни идеи и мислења, ним всушност им владее мирот и јасниот став. Умеат да ги помират спротивставените страни, почитувајќи ги разликите што постојат меѓу нив. Претставниците на овој хороскопски знак се дипломатични и искрени. Тие се луѓе што освојуваат со топлината со која зрачат.
Скорпија
Скорпиите не сакаат превртливи луѓе и ги заобиколуваат во широк радиус. Тие се подготвени да ја кажат вистината во лице, без глума и слаткоречивост. Луѓето што ги окружуваат ги привлекува нивната воздржаност, бидејќи не сакаат премногу да откриваат за себе. Претставниците на овој хороскопски знак се обвиткани со вел на мистерија. Своите тајни им ги кажуваат само на најблиските. Дури по некое време ќе го откриете нивниот свет и подобро ќе ги запознаете.
Стрелец
Стрелците се дружељубиви, слободоумни и секогаш спремни за авантура. Нивниот оптимизам се пренесува и на луѓето кои ги окружуваат. Тие ги сакаат новите работи и искуства, а љубопитноста ги води до нови знаења и контакти. Забавата со нив е загарантирана. За претставниците на овој хороскопски знак не постојат препреки. Постојано одат напред, истражуваат и секојдневно се менуваат.
Јарец
Јарците ги одредуваат целите и самодисциплината, со која доаѓаат до нив. Тие се работохоличари и спремни на откажување од сѐ, како би го постигнале она што го посакуваат. Понекогаш дури и ги надминуваат сопствените очекувања. Припадниците на овој ѕвезден знак се одликуваат со одлична организација на времето. Баш тоа и ги издвојува од другите. Се чини како секогаш да знаат што сакаат, па и лесно им е да си го остварат.
Водолија
Водолиите се вистински сонувачи и лесно се прилагодуваат на секоја ситуација. Тие се интелектуалци и визионери, со само ним својствен поглед на светот. Посветени се на потрагата по знаење и мудрост. Припадниците на овој хороскопски знак секогаш сакаат да ги сослушаат двете страни на приказната и не се водат од предрасудите. Ги краси префинетоста со која ги истражуваат новите информации.
Риби
Рибите низ животот ги водат интуицијата и емпатијата. Тие се мудри и самосвесни. На блиските луѓе им нудат љубезност и разбирање - наместо осуда. Родените во овој знак се уметнички настроени и чувствителни. Посветени се на сѐ што прават, а ги забележуваат ситниците кои другите не се способни да ги видат.
М. А. | Црнобело