Најчестите клишеа за хороскопските знаци, кои всушност не се точни
Без разлика дали верувате или не во хороскопот, многу е веројатно дека сте чуле коментари или општи верувања поврзани со вашиот знак.
Jaрците ги бие глас дека се тврдоглави, Раковите преемотивни, Лавовите арогантни, но астрологијата е далеку покомплексна од ова генерализирање.
Според оние кои професионално се занимаваат со астрологија, секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни страни, но на една личност не може да ѝ се суди само врз основа на зодијакот.
Прочитајте кои се најчестите клишеа поврзани со вашиот хороскопски знак и проценете дали се вистинити или не:
Овенот е неконтролирано импулсивен
Овенот е отворен знак, кој секогаш реагира на неправда, но тоа не значи дека е опасно темпераментен или дека не знае да се контролира. Всушност, тие многу анализираат и реагираат соодветно на ситуацијата, особено ако треба да се одбранат. Затоа, не велете дека не можете да бидете пријател или партнер на Овен, бидејќи тие всушност одлично знаат да се „носат“ со себе.
Биковите се мрзливи
Во суштина, Биковите може да работат посветено и напорно долг период, без воопшто да одморат, но тоа нема да го забележите, бидејќи тие не се жалат колку работа имаат. Па, ако видите Бик кој е релаксиран, иако го чекаат уште многу обврски, веројатно само земал пауза за да собере сила и да продолжи со посветената работа.
Близнаците се дволични
Со самото тоа што овој знак е симболизиран со две личности, родените во Близнаци ги следи глас дека се дволични и дека не може да им се верува. Но, вистината е дека тие всушност, благодарение на двојната природа на знакот, успеваат да воспостават хармонија околу себе и да бидат одговорни, особено кога треба да вратат на повик или порака.
Раковите се преемотивни и плачковци
Нема ништо лошо во тоа да се покажуваат емоции, наместо да се прикриваат и да се потиснуваат во себе, а Раковите тоа најдобро го знаат. Нивната емотивна состојба може да биде доста нестабилна и променлива и лесно е да бидат вознемирени, но добрата страна на нивниот карактер е што сето тоа е краткотрајно и умеат да се стабилизираат по кратко време.
Лавовите се арогантни кралици/кралеви на драмата
Екстравагантноста, ароганцијата и драматичноста се карактеристики кои најчесто се поврзуваат со овој хороскопски знак. Многу често, нивната горделивост погрешно се толкува како драматичност и како желба за надмоќ. Но, во реалноста, кога Лавот покажува силни емоции во близина на други луѓе, можеби му е потребна поддршка од вас, за полесно да покаже како се чувствува.
Девиците се „фрикови“ за контрола
Тоа што Девиците ги сакаат нештата на точно определен начин, не значи дека не знаат да направат компромис. Но, секогаш можете да се потпрете на нив и нивниот талент за опсервација на нештата, бидејќи кај нив е развиен аналитичкиот дел од мозокот и секогаш ќе бидат искрени во изразувањата на своите мислења. Сепак, тоа не ги прави затворени во однос на мислењата на другите.