Есенски женски модни комбинации за секој хороскопски знак
Вага
Дамите-Ваги ќе сакаат да се вратат на старите класични модни трендови. Добар избор е кариран дезен и класичен модел на чанта.
Скорпија
Скорпиите ќе имаат бурна есен со многу настани. Задолжителен е квалитетен мантил и чевли во нивната омилена боја- црвена.
Стрелец
Дами- Стрелци, слободно позајмете некое парче облека од партнерот. Машките модели на фармерки, како и лежерните кошули се идеални за вас оваа есен.
Јарец
За дамите-Јарци, кафеавата е новата црна. Вашата препознатлива едноставност и елеганција надополнете ја со некоја впечатлива чанта.
Водолија
Оваа есен, експериментирајте со деловниот изглед. Комбинирајте класично сако со фармерки или пак, одберете обична маичка заедно со високи потпетици.
Риби
Жените-Риби ќе ја откријат својата спортска страна на карактерот, па оваа есен добар избор за нив се лежерни варијанти во комбинација со ниски чевли.
М. В. | Црнобело