Како да го препознаете секој хороскопски знак по говорот на телото?

kako-da-go-prepoznaete-sekoj-horoskopski-znak-po-govorot-na-teloto-2.jpg

Воздушни знаци

Близнаци

По својот говор на телото се едни од „најречитите“. Љубопитни се, весели и духовити, живи и нескротливи, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Постојано ги преместуваат нозете, имаат потреба постојано нешто да држат во рацете или да превртуваат со нив. Буквално се како немирни деца, без оглед колку и да е сериозна ситуаицијата.

Вага

Вагите испраќаат заводливи, но никогаш вулгарни пораки со телото. Секогаш го забележуваат лицето од спротивен пол кое поминува покрај нив и го одмеруваат од глава до пети. Вагите мажи се живи и отворени, додека женските Ваги се дистанцирани, но сепак насмеани. Обожаваат да привлекуваат внимание исклучиво со говорот на телото.

Водолија

Смиреноста и ладнокрвноста на машките Водолии се резултат на некогашната способност за изразување мисли и емоции. Во младите години сите Водолии имаат бурни гестикулации. Жените Водолии во младоста се бунтовни, но како поминува времето учат дека треба да ги смират мимиките и да развијат толеранција.

Водни знаци

Рак

Нивната воздржаност и внимателност често е производ на несигурноста. Кај жените Ракови може да почувствувате сензуалност и менување на тонот на гласот, доколку ѝ се допаѓате. Општо, Раковите ќе ги препознаете по цврстиот стисок на раката и сконцентрираниот поглед на едно место, дури и во најинтимните моменти.

Скорпија

Говорот на телото им е таинствен. Начинот на кој се движат им ги издаваат емоциите и состојбата на духот. Во напнатите ситуации, усните им се стиснати, а погледот насочен во непозната насока. Ако за некој може да се каже дека „убива со поглед“, тогаш се работи за Скорпиите.

Риби

Драматичноста и отвореноста кон другите се карактеристиките по кои ќе ги познаете. Несигурноста и потребата за сродна душа ги тераат на комуникација со потполно непознати лица. Гестикулацијата не им е претерана, туку пријатна и симпатична. Кога не се расположени, ќе ги забележите бидејќи ги мрзи да го поместат погледот од една точка.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg