Хороскопот открива: По кој цитат живее вашиот знак?

koj-citat-najdobro-go-opishuva-vashiot-horoskopski-znak-1.jpg

Вага

Вагите се нежни и страствени пацифисти. Дипломати во душа, кои знаат како да направат другите околу нив да се чувствуваат подобро. За нив најдобар цитат е:

„Кога ќе престанеш да очекуваш совршенство од другите, ќе можеш да ги засакаш онакви какви што се“ - Доналд Милер.

Скорпија

Скорпиите се интелигентни, интуитивни и амбициозни. Знаат кој е животниот пат до успехот и како да се движат по него. Цитат кој најдобро ги опишува:

„Не ме интересира шансата да биде најбогат на гробиштата. Она што ме интересира е да одам во кревет знаејќи дека тој ден сум направил нешто прекрасно“ - Стив Џобс

Стрелец

Стрелците се енергични авантуристи кои никогаш не бегаат од било каков ризик, а најмногу презираат да тапкаат во место. Нивен цитат:

„Патувај - кога и да можеш, колку далеку и да можеш и на што е можно подолго време. Целта на животот не е во тоа да се повлечеш на едно место“ - Непознат автор

Јарец

Јарецот е трпелив, внимателен и софистициран. Не сака големи друштва и секогаш функционира во мала група на одбрани пријатели. Многу е повлечен и посветен. Цитат кој најдобро го опишува:

„Даден ти е животот и твоја должност е со него да направиш нешто прекрасно, колку и да ти делува тоа безначајно или мало“ - Елизабет Гилберт

Водолија

Водолиите се креативни, остроумни и прави револуционери. Тие се тука кога работите се поправаат. Имаат големо срце и секогаш се тука за оние кои се во неволја. За нив најдобар цитат е:

„Наша главна животна цел е да помогнеме на другите. Ако не можеме да им помогнеме, тогаш барем да не им одмогнеме“ - Далај Лама

Риби

Рибите се романтични и сензуални фантазери. Многу се сочувствителни и се грижат за туѓите емоции. Даваат сè, а не очекуваат ништо за возврат. Нивен цитат е:

„Најважната работа кој можете да ја научите е едноставно да сакате и за возврат да бидете сакани“ - Мулен

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg