Хороскопот открива: По кој цитат живее вашиот знак?
Дали некогаш сте се запрашале кој цитат е како создаден за вас? Кој цитат може најдобро да ве опише според вашиот хороскопски знак?
Откријте која инспирација е најдобра за вас:
Овен
Овните се силни, одлучни, амбициозни и верни. Можат да остварат сè што ќе посакаат. Затоа, најдобар цитат за нив е:
„Јас сум господар на својата судбина. Јас сум капетан на својата душа“ - Вилијам Ернест Хенли
Бик
Биковите се најстабилниот знак во хороскопот. Смирени се и имаат неверојатна внатрешна сила. Никогаш не можете да знаете дали им е тешко, бидејќи сами нема да покажат. За нив најдобар цитат е:
„Она што нема да те убие, ќе те направи посилен“ - Фридрих Ниче
Близнаци
Близнаците се најдружељубивиот знак во хороскопот. Забавни се и прилагодливи, а секое дружење со нив е вистинско уживање. За нив најдобар цитат е:
„Денот поминат без смеа е залудно потрошен ден“ - Чарли Чаплин
Рак
Емотивните и чувствителни Ракови се познати по своето нежно срце, но и по склоноста да избегаат кога работите ќе станат комплицирани. Мудри се и лесно простуваат. Цитат кој најдобро ги опишува:
„На крајот се важни само три работи: Колку сте сакале, колку нежно сте живееле и колку грациозно сте ги пуштиле работите кои не се за вас“ - Буда
Лав
Лавовите се родени за да владеат со светот. Тие се самоуверени, харизматични и секогаш желни за внимание. За нив најдобар цитат е:
„Вашата љубов ме прави посилен, а вашата омраза незапирлив“ - Кристијано Роналдо
Девица
Девиците се вистински аналитичари и практичари на кои решавањето проблеми им е во крвта. Секогаш излегуваат во пресрет на оние кои имаат проблеми. Цитат кој најдобро ги опишува:
„Денес не сте живееле ако не сте помогнале на оној кој не може да ви ја возврати помошта“ - Џон Буњан
Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...